Mинистрka во владата на Бенјамин Нетанјаху даде предлог да им се овозможи на израелските лекари да одбијат да лекуваат ЛГБТ пациенти од религиозни причини, пренесе Гардијан.



Министерка за национална мисија, Орит Строк, од Партијата на верските ционисти, даде контроверзна изјава за време на интервјуто во неделното радио. Јавноста ја преими пораката дека Строк подразбира дека израелските лекари ќе можат да го одбијат третман на ЛГБТ пациенти во согласност си измените на законот за антидискриминација што ги предложи нејзината ултра-ортодоксна партија.

Строк прецизираше дека лекар ќе може да ја отфрли грижата на пациентот согласно неговите религиозни убедувања „сè додека има доволно други лекари кои би можеле да ја обезбедат оваа услуга“.

премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече неприфатлива изјавата на идната министерка и негираше тезите дека неговата нова влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.

Критичарите, сепак, предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефикасно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да го истуркаат усвојувањето на законите што ќе бидат во согласност со она што сметаат дека е божествено религиозно наследство, пишува Гардијан.