Израел ќе се појави пред Меѓународниот суд на правдата (IJC) во Хаг за да ги оспори обвиненијата за геноцид на Јужна Африка во врска со војната со Хамас во Газа, изјави денеска портпаролот на израелската влада Ајлон Леви, цитиран од Ројтерс.
Јужна Африка во петокот побара од Меѓународниот суд да прогласи дека Израел ги прекршил своите обврски од Конвенцијата за геноцид од 1948 година во неговата акција против Хамас.
Адвокатите кои ја застапуваат Јужна Африка се подготвуваат за сослушувањето, закажано за 11 и 12 јануари, соопшти Клејсон Мониела, портпарол на Одделот за меѓународни односи и соработка на Јужна Африка, во објава на платформата X.
„Државата Израел ќе се појави пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за да ја отфрли апсурдната крвава клевета на Јужна Африка“, рече Леви.
„Ги уверуваме лидерите на Јужна Африка дека историјата ќе ви суди и ќе ви суди без милост“, рече Леви.
Јужна Африка со децении ја поддржува палестинската кауза за државност на териториите окупирани од Израел.
Од таму ја споредуваат судбината на Палестинците со онаа во Јужна Африка со мнозинство црно население за време на апартхејдот, споредба што Израел жестоко ја негира.






