Израел го одби барањето на Зеленски: Не е време за посета

Барањето на Володимир Зеленски да го посети Тел Авив минатата недела во знак на солидарност беше одбиено, јавуваат израелските медиуми. Украинскиот претседател се надеваше дека ќе се појави покрај американскиот државен секретар Антони Блинкен.



Зеленски изрази силна одбрана на Израел по нападот, велејќи дека Израел има несомнено право да се брани од нападите на палестинските терористи.

„Теророт е секогаш злосторство, не само против една земја или конкретни жртви, туку и против човештвото како целина“, рече тој, пренесоа израелски медиуми.

Официјални лица рекоа дека не е вистинското време, но дека Зеленски може да го посети подоцна.

Конфликтот во Израел и Газа го привлече вниманието на светот – што значи дека во последните денови помалку се фокусираше на Украина.