Израел ги ракетираше аеродромите во Дамаск и Алепо во Сирија

Израелските сили извршија ракетни напади врз аеродромите во Дамаск и Алепо во Сирија. Пистите не се во функција.



Ова го пренесе агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информации од сириската армија.

Нападите се случија утрово околу 05:25 часот.

Израел истрела ракети од Средоземното Море.

Како резултат на нападите, аеродромите во Дамаск и Алепо привремено не можат да опслужуваат летови.

Сириското Министерство за транспорт ги префрли редовните летови од горенаведените аеродроми на аеродромот во Латакија.