Израел денеска ги осуди наводите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој сугерираше дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има еврејски корени и побара извинување од Москва.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека рускиот амбасадор ќе биде повикан на „тежок разговор“ поради коментарите што Лавров ги даде во неделата во интервју за италијанската телевизија.
Фактот дека тој (Зеленски) е Евреин не ги негира нацистичките елементи во неговата земја“. „Верувам дека и Адолф Хитлер имал еврејска крв во себе“, рекол Лавров.
„Тоа е непростлива, скандалозна изјава, страшна историска грешка и очекуваме извинување“, изјави израелскиот МНР Јаир Лапид за веб-страницата на вестите на YNet, пренесува Ројтерс
Реакцијата следува откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер, нарекувајќи ја изјавата „непростлива, срамна и историска грешка”.
„Да се каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами се убивале. Нацистите ги прогонувале Евреите, само нацистите биле нацисти и само нацистите го иницирале систематското уништување на еврејскиот народ”, рече Лапид.
Дани Дајан, претседател на Меморијалниот центар на холокаустот во Јад Вашем, Ерусалим, исто така, ги критикуваше изјавите на Лавров, нарекувајќи ги „опасни и за осуда” и рече дека Лавров „ги претвори жртвите во криминалци, врз основа на целосно лажно тврдење дека Хитлер бил Евреин”.
Тој исто така рече дека е против тоа Украинците да се нарекуваат нацисти бидејќи „тоа го искривува терминот и им штети на жртвите на нацизмот”.






