Сега веќе поранешниот министер за надворешни на Грција, на официјалниот профил на Твитер, се пожали во врска со неговата оставка за која вели дека е „ чин на одговорност“.
„Со лаги, клевети ја поткопуваат мојата чест, углед и достоинство. Изнудвачите, корумпираните, „инструментите на системот“, го поткопуваат достоинството и честа на оние кои се противат. На овој начин тие го поразуваат функционирањето на демократијата. Оставката е чин на одговорност“”, пишува Никос Кодзиас на Твитер, без да наведе за што и на кого се однесува неговата порака.
На твитот реагираше опозициската „Неа демократија”, која прашува кои се „корумпираните уценувачи“ и одново побара јавно да биде објавен текстот на оставката на Козијас.
„Зошто беше отстранет Коѕијс и на кого мисли поранешниот министер, кога вели „изнудвачи и корумпирани“, кои „ја напаѓаат демократијата“, прашуваат од НД според која со необјавувањето на писмото се прикрива вистината.
„…она што се случувало на состанокот на кабинетот минатата недела е незамисливо. Зборуваме за уцени и уценувани”, рече министерот за одбрана во сенка на Неа Демократија (НД), Василис Кикиљас, за радио „Тема ФМ“.





