Жена која го„ продавала“ малолтниот син на педофили преку е осудена на 12 години и шест месеци затвор од суд во Германија.
Судот во Фрајбург, исто така, му изрече затворска казна од 12 години и на нејзиниот партнер, очувот на момчето.
Детето имало 9 години кога во јуни почна судењето.
Германските државјани, Берин Т. и Кристијан Л. На возраст од 48 и 39 години, сексуално го малтретирале момчето најмалку две години.
Во понеделникот судот на 10 години затвор осуди шпанскиот државјанин Хавиер Гонзалес Диаз (33) кој сексуално и повеќепати го злоупотребувал момчето, јави Би-Би-си
Пет други мажи, исто така, биле кривично гонети во врска со злоупотребата.
Двојката беше прогласена за виновна за силување, тежок сексуален напад над деца, присилна проституција и дистрибуција на детска порнографија.
Момчето сега живее со згрижувачки родители.
Двојката мора да плати и 42,500 евра на момчето и на тригодишно девојче кое, исто така, беше злоупотребено од нив.





