Измина 1/4 од рокот за приговорите, ДИК уште не почнала да работи

Изминуваат 18 часа од како беа доставени 2142 приговори за изборни нерегуларности од политичките партии од опозицијата а Државната изборна комисија се уште не знае како ќе постапат.



Никому не му е јасно зошто ДИК го губи времето ако се знае дека рокот за разгледување е 72 часа односно сите приговори треба да бидат расчистени најдоцна до вторник навечер.

Опасноста да не бидат разгледани соодветно сите приговори беше голема и доколку ДИК почнеше вчера да ги решава приговорите затоа што 2142 приговори ќе требаше да се разгледуваат за 72 часа или по еден за околу две минути.

Доколку ДИК почне да решава утре изутрина а дотогаш изминат половина од предвидените 72 часа тогаш членовите на изборната комисија ќе треба да решаваат по еден приговор за една минута.