Изложбата на Правниот факултет во Белград со наслов „Злосторства против цивилното население во Србија под бугарска окупација /1915-1918/“ е насочена против Бугарија, има јасна пропагандна цел и поттикнува екстремен национализам.
Ова го изјави директорката на Дирекцијата за „Југоисточна Европа“, Вања Андреева во разговорот со Славица ПаниЌ, привремен управител на Амбасадата на Србија во Бугарија.
Разговорот е воден по информацијата на Агенцијата БГНЕС за „научната изложба“ од 27 овој месец, која имаше за цел да го открие бугарскиот геноцид врз Србите, бугарските воени злосторства, како и бугарските масакри врз Србите во Македонија.
Бугарското Министерство за надворешни работи нагласува дека „на оваа позадина, организирањето на настан во пресрет на новогодишните празници, насочено против Бугарија, има јасна пропагандна цел и поттикнување на екстремен национализам. Ние го прифаќаме неговото организирање како дел од агенда на одредени кругови кои работат против добрососедските односи меѓу Србија и Бугарија“.







