До 19:00 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 45,77% отсто.



Обработените податоци од 3.463-те избирачки места поакжуваат дека гласале 830.370 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на вечерашната прес-конференција.

Во изборната едница 1 излезноста е 47,7 отсто, во изборната едница 2 излезноста е 43,4 отсто. Во изборната единица 3 излезноста е 51,52, додека во изборната единица 4излезноста е највисока и изнесува 53,24 отсто.

Излезноста во ИЕ 5 е 44,89 отсто.

Најниска излезност има во изборната единица 6 и таа е 35,49.