Излегување од дома само со маска, движење до 19 часот

Од денес е задолжително носење на заштитна маска за лице во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. 



Задолжително носење заштитна опрема на отворено е во отворените пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимално растојание од 2 метри до најблиското лице до вас. 

Со вчерашната одлука на владата, времето за движерње на сите граѓани е продолжено за три часа, а полицискиот час почнува во 19 часот и завршува во 05 наредниот ден.

Граѓаните над 67 години ќе семат да се движат во период од 05 до 12 часот, а малолените лица од 13 до 19 часот.