Изгубив неколку пријатели кои починаа по долга борба со Ковид-19 – Професорот Пановски во кампањата -„Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!”

Да и веруваме на науката и медицината, ако постои шанса да си го продолжиме животот зошто неразумно ја отфрламе, за да можеме да ги вратиме нашите деца во училиште, ова се само дел од пораките на десетици јавни личности од државава кои ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!”.



Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.

ВИДЕО.

Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, професор д-р Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.

Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.

Земјите од регионот и светот многу порано ги започнаа кампањите за подигање на јавната свест во однос на вакцинирањето за разлика од Македонија.