„Изгубениот“ телефон на Јанева бил „форматиран“!?

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска потврди дека е завршило вештачењето на вториот мобилен телефон на Катица Јанева но вели дека во него нема ништо, односно дека бил форматиран со сменет ICloud, дознава ексклузивно Канал 5.



Станува збор за мобилен телефон од производителот Iphone.

Иако поминаа повеќе од 15 дена, Обвинителството не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.