Изградил ли Хисен Џемаили, екс министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, нова вила во еколошки заштитена зона на Попова Шапка.
Да биде трагикомедија поголема посочениот сопственик на спорната вила сега како кадар на ДУИ е директор на Управата за животна средина како експерт за екологија.
Тетовски планинари кои деновиве биле во обиколка на теренот забележале дека новата вила дивоградба никнала на местото каде што во 2009 година биле урнати две други вили поради загрозување на животната средина.
Планинарите кои се упатени во можноста на Попова Шапка да се градат објекти тврдат дека министерот спротивно на законот гради во реон каде не смее да се гради.
Тие предупредуваат дека министерот вилата ја изградил пред скорешното прогласување на Попова Шапка за национален парк што може да го спречи целиот процес затоа што статус на национален парк некоја локација може да добие само ако целосно се зачува природата и не се дозволи човекот со нелегални градби да влијае на животната средина.
Планинарите кои инсистираат на анонимност поради страв предупредуваат дека Џемаили добро ги знае и еколошките и урбанистичките пречки зошто не смее да се гради во овој дел од Тетовско.
Предходно Џемаили кој е магистар за менаџмент на животна средина бил вработен во Тетовскиот комунален инспекторат.
Што друго пишува во биографијата на Џемаили?
Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.
Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик, од компјутерски вештини работи Ворд, Ексел и Пауер поинт, како и статистички програми, интернет и друго.
Работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.
Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.






