Лицето С.Р (45) од струшкото село Калишта добил кривична пријава поради основано сомневање за сторени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Во 2017 година пријавениот на сопствена локација во место викано „Село“ во атарот на селото Калишта, без одобрение, на површина од 2.000 метри квадратни изградил автокамп узурпирајќи и дел од Охридско Езеро.





