Доцна синоќа, од засега непознати причини, целосно изгореле четири камиони на паркинг плац во скопски Бутел.
„Интервенција на паркинг за камиони во Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и прилолки“, напишаа на Фејсбук од Противпожарната бригада во Скопје.
Вчера во Скопје изгоре и еден автомобил, а од пожарот беа зафатени уште три возила.







