Пет возила изнајмени од Тајната служба беа оштетени од пожар во Нантакет, Масачусетс во понеделникот, 28 ноември, помалку од 24 часа откако агенцијата ги врати на компанијата за изнајмување Херц.
Пожарот се случи на Меморијалниот аеродром Нантакет во понеделникот наутро и нема повредени, иако пожарот се случи на само 40 метри оддалеченост од резервоарите за авионско гориво на аеродромот.
Автомобилите биле користени за превоз на членови на Тајната служба додека претседателот Џо Бајден и неговото семејство го поминувале Денот на благодарноста на островот, што е традиција за нив.
Но, додека инцидентот е сè уште под истрага, тој дотури оган на веќе постоечките теории за заговор кои ја доведуваат во прашање лојалноста на агенцијата задолжена да го чува претседателот на САД , пишува Њузвик







