Се уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише, информира комнадирот на тетовската противпожарна бригада Авни Амети, во изјава за Телма.
Изгореа магацин и продавница за бои и лакови, а состојбата со пожарот е се` уште далеку од стабилна.
Првичните проценки се алармантни, проценките се дека во пожарот до сега изгореле над 100 тони хемикалии.
Тетовските пожарникари цела ноќ го гаснеа пожарот во селото Фелише каде од вчера гори магацин и продавница за бои и лакови. Иако со значително намален обем сѐ уште има пламен и чад. Пожарот се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа, информираат од Центарот за управување со кризи.
Центарот за управување со кризи и утринава со апел до граѓаните да не излегуваат без потреба на отворено поради можно штетно влијание врз здравкето на луѓето од согорувањето на големи количини хемикалии во пожарот што изби во фабриката во тетовски Фалише.







