Претпладнево, кај плоштадот „Скендербег”, се запали возило „форд“, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.



Сопственикот на возилото за МИА изјави дека возилото се запалило додека тој бил внатре во возилото.

„Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото“, рече сопственикот.

Службеници од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека за неколку минути не пристигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.