Автобус на ЈСП вчера изутрина се запалил во движење на улицата „Христо Татарчев“.
Возачот, 46-годишниот Д.М. реагирал веднаш и со противпожарна опрема го изгаснал пожарот, дознава Скопско Ехо.
Во моментот на инцидентот немало патници во автобусот.
Ова е втор случај на „самозапалување“ на автобус на ЈСП.





