Изгоре куќа во Велес, загина сопственикот

Во пожарот кој избувна синоќа во куќа во месноста позната како Варналиите во стариот дел на Велес, загина сопственикот.



Пожарникарите се обидуваа да го локализираат огнот што изби околу 22 часот, но поради непристапниот терен и густо населената улица, борбата со огнот се одвиваше тешко.

Околу полноќ се урна покривот на куќата, а постоеше опасност целиот објект да падне.

Огнот го зафати и покривот на соседната куќа, а во опасност беа и останатите куќи, кои се залепени една до друга.

Околу 2 часот по полноќ, огнот беше локализиран.