Изгоре еден од најголемите трговски центри во Русија (ВИДЕО)

Во голем пожар што избувна синоќа во трговски центар во предградието на Москва, загина едно лице, соопштија службите за итни случаи.



Пожарот избил во хипермаркетот ОБИ, кој се наоѓа во трговскиот центар „Мега Химки“, кој се смета за еден од најголемите во Европа.

„Пожарникарите гаснат пожар на површина од 7.000 квадратни метри во Московската област“, соопшти изутрината руското Министерство за вонредни ситуации.

Службите за итни случаи се сомневаат дека пожарот бил подметнат, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на извори од тие служби.

„Се претпоставува дека се работи за намерен чин, подметнат пожар“, јави агенцијата Интерфакс.

Видеата на социјалните мрежи го покажуваат огромниот пожар и покажуваат луѓе како трчаат низ паркингот од зградата зафатена од пламен.