Изгаснат Блок1 на РЕК „Битола“ поради 30-дневен ремонт

Денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.



Заради енергетската криза ремонтотот ќе се изведува пократокпериод од вообичаеното, јавува „Битола,њуз“.

Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ.

Од денес во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.

По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември.