Издржи министре, Бујар на апарати (СТАТУС НА ДЕНОТ)

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот за надворешни работи Бујар Османи на која се гледа дека тој е приклучен на инфузиона единица.



Според фотографијата Османи е во својот кабинет а на фотографијата се гледа неговиот соработник за пропаганда што укажува дека министерот сам ја дистрибуирал фотографијата заради пропагандни причини.

Фотографијата предизвика низа коментари кои дефинитивно не се позитивни за имиџот на Османи затоа што граѓаните препознаваат кога се работи за ефтин Пи-Ар трик.

,,Кети Гетева да не го прави ПРот? Она е позната по прејаките ПР стратегии што ги блесна откако ја црпнаа од утринска на Алфа. Издржи министре!”, пишува во својот коментар инфлуенсерката Ина Многуфина.

Кети Гетева е поранешна новинарка на Алфа ТВ која од опозициската телевизија беше назначена за шеф на пропагандата на екс министерот Венко Филипче.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02QDx5joekjhx49bHbYUV786PgmhYTGwRvxzh4rYSiov1wpugXrfNPS6gvHbxvPSYel&id=100002499918282&mibextid=Nif5oz

Во другите коментари критиките кон Османи се уште подиректни.