„Издржи Диско“: Вардарци со поддршка за повредениот Дисингер (ВИДЕО)

По освоениот пехар од СЕХА-лигата, ракометарите на Вардар од соблекувалната во спортската сала „Викторија“ во Брест испратија изрази на поддршка за повредениот соиграч Кристијан Дисингер.



Иако од падот врз левата рака по бруталниот старт од Поточник од ППД Загреб се чинеше дека станува збор за тешка повреда на Германецот, од Вардар охрабрувачка информација.

„Кристијан се чувствува добро. Извршени се лекарски прегледи во болницата во Брест. Првичните информации се дека нема скршеница, туку само дислокација. По враќањето во Скопје следуваат дополнителни испитувања“, соопштија од клубот.

Поддршка за Дисингер дојде и од Фејсбук, каде што е формирана група со такво име.

https://www.facebook.com/izdrziDisko/videos/2358116880879389/