Издадена нова државна обврзница на 15 години

Државата не престанува да ги издава обичните државни обврзници, со кои се задолжува кај домашните банки и другите домашни институционални инвеститори, како што се фондови и пензиски друштва. Издадена е нова обврзница на 15 години, и тоа на сума од близу 22 милиони евра.
Станува збор за државни обврзници со девизна клаузула, чии датум на издавање е 28 декември лани, а ќе достаса на истиот датум во 2038 година.



Каматната стапка што ќе ја плати државата, односно нашите граѓани, е 5,9 отсто на годишно ниво.
Извор : https://faktor.mk/nova-obichna-drzavna-obvrznica-od-22-milioni-e-vra—parite-kje-gi-vratime-posle-15-godini