
Министерството за внатрешни работи ја промени во делот на потраги потерницата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од национална во меѓународна.
На Мијалков вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него.
„Исчезнувањето“ на Мијалков е во пресрет на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата, за што му се заканува висока казна затвор.
Денеска, Министерството за внатрешни работи првично објави национална потерница за Сашо Мијалков, но попладнево е променета во меѓународна.





