Судијката Добрила Кацарска денеска ги исфрли адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април лани во Собранието.
Адвокатите лути демонстративно излегоа од судот обвинувајќи ја судијката дека го крши правата на обвинетите, за кои Кацарска најавила дека ќе им се назначат адвокати по службена должност.
Според адвокатите, одлуката да ги избрка од судница и казни со по 1.000 евра по 40-тината адвокати, следувала откако тие се побуниле за условите за работа во старата зграда на Кривичниот суд. Судењето беше префрлено таму откако претходно во новата имаше проблеми со техниката при сведочењето на загрозениот сведок чиј глас треба да биде мутиран.
Одлуката за исфрлање на адвокатите и назначување на други по службена должност важи само за денеска, а во моментов има нова пауза. Какво е објаснувањето од другата страна засега не е познато.
Судскиот процес за крвавиот четврток денеска е затворен за јавност. Се сослушува загрозен сведок поради што судот ја исклучи јавноста поради опасност да не се открие неговиот идентитет.
Во судницата останаа само претставници на американската амбасада и други независни набљудувачи кои се обвзани се што ќе чијат да не откриваат во јавност, пишува сајтот Досие.мк.





