Избран амбасадор кој се заканувал на член на комисијата со Бугарија

Шефот на одделот за билатерална соработка со европски држави во МНР Методија Белевски е новиот амбасадор на Македонија во Брисел.



Белевски е познат како човек кој бил испратен од МНР да ја координира и организира работата на Македонските членови на комисијата за историја со Бугарија а сега добива амбасадорска функција.

Тој никогаш не ги демантираше информациите дека вршел притисок и се заканувал на член на историската комисија со Бугарија конкретно на професорот Ванчо Георгиев.

Георгиев подоцна си даде оставка од комисијата а министерот Османи тврдеше дека бил избркан од неа што индиректно ги потврдува информации дека Белевски вршел притисок и се заканувал.

Информацијата на Алфа е од пред 9 месеци а Белевски никогаш не ја демантираше.

Алфа дознава:Методија Белевски од МНР вршел притисок во Комисијата, му се заканувал на Ѓорѓиев за оставката

,,Како се стигнува до амбасадор во Белгија низ примерот на Методија Белевски 👉 човекот кој вршеше притисоци при носењето одлуки врз Комисијата за историја со Бугарија”, пишува за случајот генералната секретарка на Левица Јована Мојсовска.

За заканите и притисокот сведочеше и професорот Георгиев но тој никогаш не го објави името на дипломатот од МНР.