„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори заврши. Не забележавме ниту една негативна ситуација“, изјави Ахмет Јенер по затворањето на гласачките места за претседателските и парламентарните избори.
Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) Ахмет Јенер додаде и дека изборниот процес во Турција е завршен и дека досега не е забележана ниту една негативна ситуација.
Но, истовремено тој откри дека за време на изборниот процес од срцев удар починале еден набљудувач и двајца граѓани, а на семејствата на починатите им изразил сочувство, јавува агенцијата Анадолија.






