Вчерашните парламентарни избори во Шпанија сепак нема да ја извлечат земјата од политичкиот ќорсокак, оценува Фајненшнел Тајмс.
Владејачката
социјалисти на Педро Санчез освоија мнозинство од гласовите, но помалку од
освоените на претходните предвремени во април, и без можност за формирање стабилна влада, додека
екстремно десничарската партија Вокс доби значително поголема поддршка од
гласачите.
Социјалистите освоија 28% од гласовите – 1 процент помалку од последните избори
пред шест месеци.
Вчерашните избори
беа изнудени откако Педро Санчез, вршител на должноста премиер, не успеа да
добие поддршка од парламентот за формирање влада по априлските избори.
Сега социјалистите освоија 120 места далеку од мнозинството во 350 члениот
парламент помалку од 123-те места освоени во претходниот парламент.
Санчез сепак вети дека ќе ја „деблокира“ политичката состојба во земјата и вети
дека нема да дозволи да се одржат нови избори.
„Ги повикувам сите политички партии да работат на деблокирање на политичката
состојба во Шпанија“, изјави Педро Санчез.





