Избори во Франција – Макрон и Ле Пен изедначени на излезните анкети

Гласачките места во Франција се затворени. Во вториот круг се очекува да одат актуелниот претседател, Емануел Макрон и неговата најголема опонентка, Марин Ле Пен.



Макрон се надева на втор мандат, но проблеми може да му направи кандидатката на крајната десница.

Левичарскиот популист Жан-Лук Меленшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24. април.

Според првичните излезни анкети, Макрон и Ле Пен освоиле по 24 отсто од гласовите.