Избори се ближат? СДСМ во патриотски филм: Претседавањето со ОБСЕ е историски успех на македонската држава

Стана пракса на СДСМ пред избори да „јава“ на патриотизмот, па користењето на формулацијата „македонска држава“ од пратеникот и портпарол Дарко Каевски некои го толкуваат како најава за скорешни предвремени парламентарни избори, иако партискиот шеф Димитар Ковачевски упорно повторува дека тие ќе се одржат во редовниот термин в година.



„2023 година започна со огромен успех за македонската дипломатија, за македонската држава“, рече Каевски во денешното обраќање до јавноста со нова фалба. „Претседавањето со ОБСЕ е историски успех на македонската држава“.

„Гласноговорникот“ на партијата за која поранешниот лидер и експремиер Зоран Заев тврдеше дека не ѝ личел патриотизмот, придавката „македонска“, која ја избришаа од името на стотина државни институции и јавни претпријатија, ја употреби уште два пати во обраќањето: „Во година во која сè уште трае руската агресија врз Украина, македонската димпломатија ќе има сериозен тест во одржување на светскиот мир и стабилност“ и „Денес нашата држава е полноправна членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и со потврден македонски идентитет“.