Избори се ближат: Николовски шеф на изворниот штаб на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, едногласно е избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ на вчерашната 12-та седница на Централниот одбор на партијата, на предлог на претседателот на партијата, Зоран Заев. Централниот одбор избра и нова партиска Комисија за спорт за чиј претседател го именува ракометарот Наумче Мојсоски.



„Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина.

„Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред“, рече Николовски во обраќањето пред членовите на ЦО и истакна дека СДСМ како најголема, најсилна и најорганизирана партија во државата ја води државата по прав пат и нема да дозволи деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат назад, во неизвесност, изолација и нестабилност.