Одржувањето на избори по здравстевните препораки за социјална дистанца од 2 метри и под маски ќе биде тешко да се изведе за брзо време, токму затоа е потребно да не се брза со датумот за избори, предупредува првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски.
За тоа, дали технички изборите би можеле да се организираат за брзиот термин (јуни) првит човек на ДИК вели:
„Во оваа ситуација имаме 14,15 кандидатски листи, замислете по еден нивен претставникна избирачко место плус пет членови на избирачкиот одбор, тоа се отприлика 20 луѓе кои треба да ги дистанцираме на 2 метри.
Многу е мал бројот на простории во државата каде се гласа, а може да се обезбеди такво дистанцирање. Поучени од искуството од Јужна Кореја која организираше избори, таму пред влезот на секое избирачко место имаше здравствено лице кое мереше температура на секој гласач3, истакнува за Сител, Дерковски.
Според него, ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а ќе бараат и повеќе човечки ресурси, што вакви услови на економски последици од Ковид-19 би било отежителна околност.





