Избори во Штип: Петмина во трка за градоначалник

Граѓаните на Штип во недела треба да го изберат новиот градоначалник.



Изборниот процес почнува денеска а Штипјани треба да изберат меѓу доктор Сашко Николов кандидат на СДСМ , Трајче Митев поддржан од група избирачи , Лазар Наумов кандидат на ТМРО, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднина во нашите раце” и Симон Поликарп-Џими кандидат на Интегра.

Избраниот кандидат ќе има мандат од девет месеци, до новите редовни локални избори во 2021 година.

Правото на глас од утринава го остваруваат 12 болни од Ковид 19 и лица кои се изолирани, а утре гласаат болните и немоќните и осудените лица.

Право на глас во Штип имаат 39.605 гласачи.