Припадник на МВР кој одржувал ред на гласачко место попладнево бил нападнат од страна на државен функционер и негов брат на избирачко место во Струга.
Инцидентот се случил во дворот на основното училиште во селото Велешта во Струга кога незадоволен од однесувањето на полицаецот најпрвин кон него со вербални закани а подоцна и со туркање и тегнење тргнале двајца браќа од кои едниот е директор на казнено-поправна установа.
Полицаецот не употребил оружје при самоодбрана но повикал засилување по што инцидентот се смирил.
МВР за инцидентот подготвува соодветна пријава за напад на службено лице и изборно насилство за што следуваат долгогодишни затворски казни.





