Избеган напаѓач на МНАВ е осуденик од кругот на Ахмети кој не лежел затвор за да не прави нови кривични дела

Еден избеган напаѓач на МНАВ е осуден криминалец од кругот на Ахмети кој не лежел затвор за да не прави нови кривични дела.



Ова е дел од образложенијата на Јавното обвинителство и судот за поранешниот фудбалер, осудениот криминалец Ерсен Сали кој претходно надвор од судската пракса се спасил од затвор, открива Телма.

Сали во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредни 3 години.

За него очигледно условната пресудата не била добра опомена бидејќи истата ја прекршил со тепањето во МНАВ.

Ако биде осуден за упадот во МНАВ Сали ќе треба да ја одлежи казната од најмалку 5 години плус едната година од претходната пресуда.

Зелено светло за прифаќање на жалбата на одбраната на Сали во првиот процес дал и вишиот обвинител Наум Паноски, што може да се заклучи од пресудата на Апелација.

Обвинителот Паноски оценил дека Сали кривично дело не го сторил од ниски побуди, го признал делото и се извинил на оштетените, како и тоа дека се работело за семеен човек, кој немал претходни прекршоци и кривични дела.

МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ОВОЈ КРИВИЧНО ПРАВЕН НАСТАН ПРЕТСТАВУВА СЛУЧАЈНА ЕПИЗОДА НА ОБВИНЕТИОТ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ И ДЕКА НЕГОВОТО КАЕЊЕ Е ИСКРЕНО И ОТТУКА МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ДЕКА И СО УСЛОВНА ОСУДА ЌЕ СЕ ПОСТИГНАТ ЦЕЛИТЕ НА КАЗНУВАЊЕТО, ОДНОСНО СМЕТА ДЕКА НЕ МОРА СЕКОГАШ ДА СЕ ПРИБЕГНУВА КОН ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ КАЗНИ, АКО МОЖЕ ЦЕЛТА НА КАЗНУВАЊЕТО ДА СЕ ПОСТИГНЕ И СО ПОБЛАГА КАЗНА, СЕ ПРОИЗНЕСОЛ ОБВИНИТЕЛОТ ПАНОСКИ.

Во пресудата на Апелација донесена од судиите Јани Нича, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети стои дека првостепениот суд во недоволна мера водел сметка за олеснувачките околности кога изрекол ефективна казна затвор од една година, на што основано се укажува во жалбата на обвинетиот.

Целата сторија на Телма

На фотографијата од профилот на Сали на Фејсбук се гледа лидерот на ДУИ Али Ахмети и првоосомничениот за нападот во МНАВ Незири зад кои се гледа и Сали што укажува дека екс фудбалерот бил влијателен човек во Демократската унија за интеграција.

Веднаш по инцидентот ДУИ обвини дека јавноста погрешно ја поврзува партијата со насилството во МНАВ но сите досегашни информации за упадот укажуваат дека се работи за важни членови на ДУИ.