„…Една теорија вели дека веќе е на пат за Белизе, со нивен пасош в џебот: пасошот е светло син, со голем златен накитен грб на него, а бидејќи Белизе е членка на карипската заедница, без виза можете да патувате во Мексико, Хондурас, Гватемала, Велика Британија, Салвадор, Коста Рика…“ пишува колумнистот Сашо Ордановски во денешната колумна за „Слободен печат“ насловена „Каде е, по ѓаволите, Груевски?“ во која наведува две „теории“ каде е поранешниот премиер кој треба да се појави на отслужување двегодишна казна затвор.
„Убавини! За да добиете таков пасош, ви требаат две препораки од Белизенчани (така ли се викаат?), а меѓу оние (постои овластена листа!) кои можат да ви издадат таква препорака се и лиценцирани учители, адвокати, лекари, религиски водачи… Најубаво од сè: доколку ве фатат дека сте лажеле во апликацијата, казната е 500 факинг долари, или година дена тамошен затвор со поглед на море – наспроти погледот на џамијата на Амди Бајрам, овде!
Според оваа теорија, до Белизе е стигнат скриен во транспорт со специјално прилагоден камион, преку Србија и Унгарија…“пишува Ордановски во „Слободен печат“.





