По реакциите на писмото со поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи до кралот на Саудиска Арабија, Бин Салман, од ИВЗ објаснуваат дека тоа не е поврзано со смртта на новинарот Џемаил Кашоги кој беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Новинарот „исчезна“ на 2 октомври откако влезе во Кунзулатот во Истанбул.
Писмото со поддршка било испратено на 17 октомври, два дена пред Саудиска Арабија да признае дека новинарот Џамал Кашоги е убиен во нивниот конзулат, а од ИВЗ сега велат дека со него сакале да искажат поддршка и грижа за светите исламски места Мека и Медина, а не да завземаат било каков став во врска со убиството на новинарот.
ИВЗ го поддржува кралот на Саудиска Арабија во случајот со убиениот новинар Кашоги!





