ИВЗ избира поглавар

Започнаа изборите во Исламската верска заедница за избор на Поглавар на ИВЗ.



За највисоката функција кандидирани се актуелниот вршител на должноста поглавар на ИВЗ Шаќир Фетаху и тетовскиот муфтија Ќани Несими.

Одлуката, Комисијата од 21 член ќе ја донесе со гласање, при што се одлучува со обично мнозинство, односно за победа се доволни 11 гласови, дознава МКД.Мк.

Сулејман Реџепи на чело на ИВЗ беше од 2006 година, па се до пролетта годинава.

На чело на ИВЗ моментално е Шаќир Фетаху, кој доби доверба од Ријасетот извесен период да ја раководи ИВЗ.