Исламската верска заедница донесе одлука да ги отвори џамиите за верниците на 12 мај, надевајќи се на разбирање од државните органи.
„„ИВЗ од првите денови на појавувње на пандемијат на Ковид-19, со цел да го заштити здравјето на граѓаните, како и земајќи ги предвид препораките и предлозите на државните здравствени тела, а врз основа на исламските принципи, одлучи да го суспендира одржувањето на молитвите на колективен начин во џамијата. Исламската верска заедница многу внимателно го следи подобрувањето на здравствената состојба во земјата, намалувањето на бројот на заразените и затоа на својот вонреден состанок одржан на 7 мај ја донесе одлуката за отворање на верските објекти“, се вели во соопштението на ИВЗ.






