Поглаварот на ИВЗ , Сулејман Реџепи изјави дека за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата, се откажуваат сите молитви низ џамиите во земјава, а нема да има молитва ниту во петок, пренесе Алсат М.
Реџепи ги повика сите муслимански верници да избегнуваат масовни собири и да ги следат препораките од надлежните институции и да не создаваат паника.
Реџепи рече дека во случај на смртни случаи од Ковид 19, погребот ќе се направи од страна на државните надлежни органи поради контаминација, а верските обреди ќе се вршат без масовност.






