Непосредно по локалните избори, политичкиот аналитичар и поранешен партиски функционер во СДСМ, Ивор Мицковски, ја анализира состојбата со владејачката партија по пет години на власт и под водство на Зоран Заев.
„Да резимираме еден поразителен факт.
Во 5 години си успеал да ја уништиш сопствената партија во историски поволна ситуација, после режим и со огромна меѓународна поддршка.
Да ги оттуѓиш неопределените и независните, да ја нормализираш ВМРО, да го спасиш ДУИ и да си накалемиш трета опција.
На сето тоа, заради калкулантство, да се доведеш во ситуација каде во Тетово, кого и да поддржиш, ќе платиш цена како Влада.
Редок вид на политичко самоубиство“, констатира Мицковски.






