За колумнистот и поранешен функционер во СДСМ, Ивор Мицковски, „невиден безобразлук и неморал“ е појавувањето на министерот за здравство Венко Филипче во изборната кампања на СДСМ и пред скопскиот маратон по пожарот со 14 жртви во модуларната болница во Тетово.
„Нема поголем безобразлук и неморал од тоа да го шетате министерот во оставка низ предизборна кампања или да си прави ПР пред маратон. Па уште слики, насмеан и ведар, збори за победа и напредок.
Тоа значи дека веќе сте си ја донеле својата политичка одлука да нема никаква одговорност за смртта на 14 луѓе и очајните услови во кои сте ги сместиле. Ова народот нема да ви го заборави. Можеби нема веднаш да има можност да го казни, ама како ќе минува времето така гневот и вашата вина ќе бидат поголеми, дотаму да ве прогонуваат до крајот на животот“, реагира Мицковски на Фејсбук.





