Иво Санадер осуден на 4,5 години затвор

Високиот суд во Загреб денеска го осуди поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, на четири и пол години затвор.



Тој беше осуден за кривично дело за примање и давање мито во случајот „Планинска“.

Санадер беше осуден за барање и примање мито во висина од 17 милиони куни од Стјепан Фиолиќ, чија компанија ја продаде зградата на Министерството за регионален развој на улицата „Планинска“ во Загреб.

Младен Млинаревиќ, чија компанија ја прецени вредноста на зградата, беше условно осуден на година во затвор, какко и Фиолиќ, кој се изјасни за виновен.

Ниту еден од осудените лица не дојде, а конечната пресуда, според вообичаената постапка, ќе биде објавена од судот во следниот месец.

Санадер претходно беше суден за воено профитерство.