Иво Санадер не е виновен за воено профитерство!?

Денеска се очекува дае биде објавена пресудата на Иво Санадер во третиот судски процес за аферата Хипо.



Претходно два пати беше осудуван, а пресудите беа укинати од Уставниот и Врховниот суд, објавува Index.hr според кој судијката на денешното рочиште изјавила дека Санадер не е виновен за воено профитерство.

На крајот од повтореното судење, поранешниот хрватски премиер Санадер уште еднаш потврди дека не е одговорен за воено профитерство, нагласувајќи дека останува на одбраната што ја изнел во претходната постапка.

Обвинителството го обвинува Санадер дека примил провизија од 3,6 милиони куни од Хипо банка како заменик-министер за надворешни работи кон крајот на 1994 година и почетокот на 1995 година, откако на Хрватска и беше доделен заем за купување на згради на амбасади.

Според обвинителството, Санадер на тој начин добил незаконска финансиска корист во тешката финансиска и економска ситуација предизвикана од војната, која е несразмерна со загрозените темелни вредности на државата и социјалната заедница, како и државните интереси.