ИВАП до Владата: Дали мислите дека сме Алхемичари?

Индустријата за организирање настани (ИВАП) бара одговори зошто и покрај најавите и ветувањата овој дел од економијата не добива поддршка од владата.



Дел од набљудувачите анализираат дека Владата ќе се обиде помошта за оваа индустрија да ја одложи за пред локалните избори со цел да се искористат настаните за промоција на владини активности за партиски цели но членките на ИВАП не можат да чекаат.

“Влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.

Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите 👇👇👇

🚫12 април – Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата – исплатени 0 денари ❌
🚫21 април – Јавен повик за организирање на настани – резултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌
🚫12 мај – Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата – резлултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌

🚫Сеуште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош ❌

❓Прашање до Владата – дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?

❌Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!

Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?”, прашуваат луѓето кои едвај преживуваат погодени од корона кризата.