Македонската тениска надеж Калин Ивановски не успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во третото коло загуби со 7-5, 6-0 од седмиот носител Џек Пинингтон Џонс од Велика Британија.
По тесно загубениот прв сет, 17-годишниот Ивановски се повреди во последниот поен од третиот гем на вториот. Побара и доби медицинска помош за болките во колкот и во препоната, но потоа не можеше добро да се движи на теренот и противникот тоа го искористи.
Ивановски, кој е на 1654. место на АТП-листата, на стартот од третиот гренслем во сезоната го изненади десеттиот носител Дејли Бланш од САД, совладувајќи го со 7-5, 7-6 (4), а во втората рунда беше подобар и од Литванецот Едас Бутвилас со 7-6 (4), 7-6 (6).






