Ивановска за „Фокус“: Обвинителството нема одлука за ниту една наша иницијатива за кривично гонење

Актуелните антикорупционери поднеле над 50 иницијативи за кривично гонење, но обвинителството не донело јавнообвинителска одлука за ниту една иницијатива. По пет години поминати на чело на Државната комисија за спречување корупција, претседателката Билјана Ивановска, во интервју за „Фокус“, зборува за случаите што ги отворија за високи актуелни функционери, а кои заглавија во лавиринтот на институциите. Заеднички именител на корупцијата, според неа, е отсуството на интегритет, што потоа доведува до политички притисоци, неказнивост. Според неа, недостасува силен правосуден систем што ќе обезбеди казни.



Ниту за една од нашите поднесени 53 иницијативи за кривично гонење, обвинителството нема донесено јавнообвинителска одлука. Но, ова не е случај само за доставените иницијативи на ДКСК во овој состав.

Имено од 2002 година, кога е основана Комисијата, до 2019 година, кога беше избран овој состав, од ДКСК до ЈО доставени се 153 иницијативи за кои нема донесено јавно обвинителска одлука. Исклучок е само случајот „Бачило“.

Линк до целиот текст:

https://fokus.mk/ivanovska-za-fokus-obvinitelstvoto-nema-odluka-za-nitu-edna-nasha-initsijativa-za-krivichno-gonene/